Во новиот век Уран повторно се враќа во идеалистичкиот знак на Рибите. Токму на почетокот на годината означи еден нов осумгодишен циклус. Вообичаено кога предизвикувачката и ексцентрична планета Уран ќе се најде во алтруистичкиот знак на Рибите се означува голема креативност и имагинација, но и немири и бунтови... Уран во знакот на Рибите за последен пат се наоѓаше во периодот од 1919 до 1927.

 

Тоа што претставува задача на Уран е да поттикне смело и интуитивно однесување, заштита на најслабите и поддршка за онесправените. Уран е планета која го буди револуционерното во нас и не тера да ги отфрлиме старите навики и да се насочиме кон иднината. Нејзина цел за време на престојот во Риби ќе биде сплотување на луѓето и фокусирање врз духовното. Во пораст ќе биде воскреснувањето на вербата во религиите, филозофијата и мистичните науки. Се повеќе луѓе оправдување за тажните и несреќни моменти во животот ќе бараат во езотеричните учења кои застапуваат живот и по смртта. Но, ова ќе претставува можност и за зголемување на сектите (Плутон во Стрелец во квадрат со Уран во Риби до 2008), фанатизмот кај одредени движења и народи, како и можност за наметнување на стравопочит кај пошироките маси народ.

 

 

 

Интуитивна потрага по вистината!

Уран во Риби

 

 

Риби: Поголема храброст и смелост да ги истакнете своите несомнени квалитети пред другите, настрана од своите емоции. “Да се биде или не” не претставува само фраза за вас туку и реалност.

Јарец: Невобичаено проникливи и расположени за комуникација, односите со најблиските се затегнуваат и ќе ви биде потребна поголема воздржаност и размислување. Кратките патувања ќе ви одземат поголем дел од времето.

Скорпија: Нема да им одолеете на љубовните авантури, иако голем број од вас ќе се насочат кон политиката и забавата. Но, вашиот карактер во се бара квалитет, па за верување е дека повеќето Скорпии ќе се решат да станат родители!

Девица: Вие партнерските односи ќе ги поставите на пиедестал овој период. Но, дали тоа ќе означи конфликт или хармонична соработка, зависи од моќта на контрола на критиките. Можен е брак.

Рак: Ја преиспитувате својата досегашна филозофија на живот, прашувајќи се дали вашите решенија се покажале успешни. Односите со странците и високото образование доминираат.

Терезија: Време беше сериозно да ги обележите патеките по кои ќе се движат вашите работни обврски. Односите со колегите и подредените се во фокусот.

Водолија: “Дали правилно постапив”? “Што треба да направам за да успеам”? Ова се само дел од прашањата кои ќе си ги поставувате во овој период. Парите доаѓаат лесно, но исто така си заминуваат.

Стрелец: Ќе се решите да го промените местото на живеење или пак ќе се насочите кон решавање на приоритетните прашања од семејството и домот!

Лав: Ако успеете да го скротите вашиот темперамет и покажете добродушност, може да се надевате на секаков тип поддршка од партнерот. Не се потпирајте премногу на страста, знае да ве одведе во непосакуван правец.

Близнаци: Имате реална можност да се искачите на врвот на успехот и да се задржите на него. Односите со претпоставените се во преден план, како и семејството.

Бик: Пријателите и групациитеможе да ви помогнат да ги остварите своите цели и идеали. Ја добивате заслужената награда за вашите работни активности. Но, на љубовно поле чувствувате дистанцираност од партнерот.

Овен: Чувствувате огромна потреба целосно да ги откриете вашите позитивни страни пред светот. Бидете отворени и искрени и во иднина; луѓето ќе знаат да го ценат вашиот оригинален ум.

Наша заедничка мотивација треба да биде храброто и јасното согледување на перспективите. Она што Уран во Риби претставува е поуката дека сите сме еднакви, според желбите и потребите. Секој од нас има право на слобода на дејствување и чувствување, право на размислување и асоцијација со луѓе од сите општествени слоеви. Уран е либерализам, моќ на продорно размислување и делување, тој ни дава можност за акција. Рибите се интуиција, сомилост, правда. Со тоа, се потцртува важноста на периодот кој е пред нас.

Да погледнеме кои се предизвиците за дванаесетте зодијачки знаци кога Уран се наоѓа во Риби:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.