Ќе ви ги претставиме ѕвездите на популарната серија “Мелроз плеис”, која беше многу популарна во средината на 90-тите години на минатиот век, но повторно се потсетуваме на случките, овојпат низ една астролошка призма. Злобната Аманда, хистеричната Кимберли, опасниот Мајкл...

 
 

 

Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.

Пишува Астролог-уредник: Глигор Михаиловски

Згодниот но превртлив доктор, Мајкл, (Томас Калабро) е роден на 3. февруари1959 во знакот на воздушната Водолија. И одлично се снаоѓа во улогата на љубовник (Водолиите ги бие глас за најдобри заводници). Речиси со сите главни женски ликови ќе има романса, но најморбидна е таа со Кимберли (Марсија Крос), родена на 25 март 1962 во знакот на агресивниот Овен. Водолијата и Овенот добро се согласуваат но проблем е неверноста и контролата на темпераментот, кои тие добро ги прикажуваат.

Џејн (Џоси Бизе) е поранешна сопруга на Мајкл во серијата. Таа е родена на 5 октомври 1970 со што е формиран извонреден воздушен тригон помеѓу Мајк и неа. Да не беше сценаристот, сигурно ќе останеа во долга врска (а можеби и се случувало нешто за време на снимањето!). Секогаш спремна за договори (Терезија!), Џејн, има сестра родена во знакот на бучниот Лав, и ете ги проблемите. Како помала сестра, Сидни (Лора Леитон), родена на 24 јули 1968, секогаш сака да биде најдобра но нејзината горделивост (Лав) ја носи во незгоди.

Следат два пара водени знаци. Мускулестиот Џејк (Грент Шоу) е роден во знакот на Риби, 27 февруари 1962. Тој ја докажува својата романтичност. Никогаш не покажува злоба спрема другите. Затоа има и одличен однос (и љубов) со Скорпијата Џо (Дафне Цунига), родена на 28 октомври 1962. И нивните Сонца покажуваат многу разбирање и страст. Но, Џо е и тврдоглава и не се откажува лесно од работите.

Следи уште една Скорпија, Алисон (Кортни Торн-Смит), која е типичен претставник на Скорпиите, верна но и склона кон пиење. Таа е родена на 8 ноември 1967. Се заљубува во Били (Ендру Шу), роден на 20 февруари 1967, уште една Риба, со кого имаат љубовна врска.

Сепак, се чини дека највпечатлива, шармантна и сексуално привлечна е Терезијата (знакот на убавината), Аманда (Хедер Локлир), родена на 25 септември 1961. Но, за разлика од Терезијата Џејн, таа е склона на постојани конфликти. Со тоа всушност таа го бара своето вистинско Јас, преку потребата од постојано менување партнери, лажна сигурност и склоност кон флертување.

Дали некогаш сте размислувале дека астролошката анализа може да биде употребена на ваков начин? Како и да е, продолжете да ја гледате серијата, а сега полесно ќе ги разбирате сите нивни карактери. Или пак само уживајте во сплетките.