Алегорична Приказна

...Беше еден убав пролетен ден кога Бог ги собра своите дванаесет деца и во секој од нив го посеа семето на човечкиот живот. Едно по едно, секое од децата доаѓаше да си го земе подарокот...

-”Тебе, Овен, ти го давам своето прво семе, за да ја имаш честа да го засееш. За секое семе што ќе го засееш, уште еден милион ќе се умножи во твојата рака. Ти нема да имаш време да видиш како израснува твоето семе, бидејќи секое од нив ќе создаде повеќе отколку што ќе засееш. Ти ќе бидеш првиот, кој ќе проникне во почвата на човечкиот ум со Мојата Идеја. Но, не е твоја работа да се грижиш за Идејата ниту да се сомневаш во неа. Твојот живот ќе биде дејство, и единственото дејство кое ти го подарувам, е да ги натераш луѓето да го осознаат Моето Творештво. За твојата добра работа јас ќе те обдарам со Самодовербата”.

Бикот се врати на своето место

-”Тебе, Бик, јас ти ја давам моќта да го вградиш семето во разумта. Твојата работа е голема и е потребно големо трпение, затоа што треба да го довршиш она што си го започнал; во спротивно, семето ќе биде растурено од ветрот. Ниту еднаш не треба да ги оспоруваш своите постапки и решенија за време на тој процес, ниту пак да зависиш од другите и да го смениш своето мислење. Затоа јас те дарувам со Силата. Користи ја мудро”.

и Близнаци се врати на своето место.

 

-”Тебе, Близнаци, јас ти ги давам прашањата без одговори, за да можеш да ги натераш сите да го разберат она што го гледат околу себе. Ти никогаш нема да знаеш зошто луѓето слушат или говорат, но со своето барање на одговорите јас те дарувам со Љубопитноста”.

и Ракот се врати назад.

-”Тебе, Рак, јас ти ја определувам задачата да ги научиш луѓето да чувствуваат. Моја желба е да ги натераш да се смеат или плачат, и на тој начин, се што ќе видат и помислат да им донесе задоволство, кое ќе доаѓа одвнатре. Затоа, јас те дарувам со Семејството, за да биде исполнета човечката душа”.

Лавот се врати кај другите деца.

-”Тебе, Лав, ја ти овозможувам да го претставиш Моето Дело пред целиот свет, во целиот негов сјај. Но, треба да внимаваш на својата гордост и да запомниш, дека тоа е Мое Дело, а не твое. Ако тоа го заборавиш, луѓето ќе те мразат. Има многу радост во исполнување на работата која ти ја давам, се разбира, ако ја завршиш добро. Затоа, тебе ти го давам подарокот на Честа.

и Девицата го зазема своето место.

-”Девицо, ќе те замолам да следиш внимателно се што човекот направил со Моето Творештво. Треба внимателно да ги набљудуваш патиштата кои ги одбира човекот и да му напоменуваш за неговите грешки, за да може, преку тебе, Моето Творештво да биде усовршено. За тоа коешто ќе го направиш, те дарувам со Чистата Мисла”.

Шкорпијата беше следна на ред.

-”Тебе, Терезија, јас ти ја определувам мисијата да им служиш на другите, и со тоа човекот да биде разумен и добар во однос со другите. Да го научиш на соработка, но и да ги гледа реакциите од своите постапки кај другите луѓе. Јас ќе те поставам секаде кадешто има несогласувања, а за твоите напори ќе те дарам со Љубовта”.

Шкорпијата се врати на своето место.

-”Тебе, шкорпијо, ти давам мошне тешка задача. Ти ќе ја имаш способноста да ги познаваш умовите на луѓето, но нема да ти дозволам да го искажеш она што ќе го научиш. Многу пати ќе страдаш од тоа што ќе го гледаш и во своето страдање ќе се откажеш од мене. Ти ќе заборавиш дека тоа не сум Јас, но извршувањето на Мојата Идеја, што ти причинува толку болка. Ти толку многу ќе го спознаеш човекот, па на моменти ќе го гледаш како животно и ќе се бориш многу со неговите животински инстинкти во себе си, и ќе го загубиш патот повеќе пати; но кога накрај ќе се вратиш кај мене, шкорпијо, јас за тебе го имам врвниот дар на  Целта .

Стрелецот се врати на своето место.

-”Стрелец, од тебе сакам да ги натераш луѓето да се смеат, зошто поради неразбирање на Мојата Идеја, тие се огорчени. Преку насмевката ти треба да му дадеш на човекот надеж, а низ надежта тие треба да ги свртат очите кон Мене. Ти ќе осознаеш за многу судбини, и макар за момент, ќе ги дознаеш проблемите на секој живот со кој стапуваш во контакт. Тебе, Стрелцу, јас те дарувам со Безграничното Изобилство, за да можеш да го распространиш до секој мрачен агол и да го осветлиш патот на секого”.

и Јарецот се врати на своето место

-”Јарец, јас сакам да ги научиш луѓето да работат. Твојата задача не е лесна, бидејќи ќе мораш да ги носиш делата на луѓето врз твоите плеќи; но за твојот огромен напор јас ќе ја поставам Одговорноста на луѓето во твоите раце”.

и Водолијата се врати на своето место.

-”Тебе, Водолија, јас ти ја давам концепцијата на иднината, и со тоа човекот да гледа и нови можности. Ти ќе страдаш од самотија, зошто јас нема да ти дозволам да ја присвоиш Мојата Љубов. Но, бидејќи ќе го натераш човекот да биде отворен кон подобра иднина, јас ти го давам подарокот на Слободата, и на тој начин, во својата слобода, да продолжиш да служиш на човештвото кое има потреба од тебе”.

Риби се врати на своето место

-”Тебе, Риби, јас ти ја предавам најтешката од сите задачи. Јас сакам да го собереш сето човечко страдање и да ми го дадеш Мене. На крај, твоите солзи треба да станат мои солзи. Страдањето, кое ќе го почувствуваш е резултат од човечкото неразбирање на Мојата Идеја. Ти треба да му понудиш на човекот разбирање и сомилост, за да може тој да се соочува со проблемите повторно и повторно. За таа најтешка задача, јас ти го давам и најголемиот подарок. Ти ќе бидеш единственото од сите мои дванасет деца кое ќе ме разбере. Но тој дар на Разбирањето е само за тебе, Риби, зошто кога ќе се обидеш да го пренесеш тоа на луѓето, тие нема да те слушаат и разбираат”.

 

.... и тогаш Бог рече: “Вие сите имате сега дел од Мојата Идеја. Но вие не треба да го изгубите својот дел, ниту пак да ги менувате деловите меѓу себе си. Секој од вас е совршен, но вие нема да го научите тоа, се додека сите дванаесет не станете ЕДНО. Само тогаш целата Моја Идеја ќе ви биде разоткриена на секого од вас”.

 

  И децата останаа, секое од нив да си ја работи колку што може својата работа, за да може да си го добијат подарокот. Но, никој не ја разбрал целосно својата задача и кога се вратиле назад кај Бог, Бог им рекол: “Секој од вас смета дека другите подароци се поубави. Затоа јас ќе ви дозволам да си ги размените”. И веднаш секое дете било воодушевено, разгледувајќи ги сите можности на својата нова мисија.

 

  Но Бог се насмеал и кажал: “Вие ќе се враќате кај мене многу пати, со молба да добиете нова мисија и секој пат јас ќе ви ги исполнувам желбите. Вие ќе поминете низ безброј препреки пред да ја исполните својата судбина. ќе ви дадам безброј можности и начини да ја исполните својата мисија, но само кога ќе го направите тоа, ќе може да бидете со Мене”.

 Се надеваме дека уживавте во приказната - Тхе Енд

Copyright © 2003 WWW.HOROSKOP.COM.MK.