2004  ГОДИНА НА ОДЛУКИ?!

 

Според методата на владеењето на седумте планети (вклучувајќи ја и ѕвездата Сонце, Земјениот сателит Месечина, и планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн), 2004 година е година на Сатурн. Токму оваа година означува крај на седумгодишниот циклус на планетите, со што се финализираат сите досегашни процеси на светско ниво. Токму 2004 година е период на соочување со вистината, време кога ќе се отфрлат маските, ќе се пресече Гордиевиот јазол и ќе се положат сметките...

 

 

 

 

Во однос на мунданите (политички) случувања во нашата земја, Република Македонија, мора да напоменеме дека таа својата независност ја стекна на 8 септември 1991, со прогласување на резултатите од референдумот во 21:00 часот, со што практички започнува нашата понова историја.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што треба да очекуваат дванаесетте зодијачки знаци во 2004?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лавовите, сеуште притаено ја чекаат својата шанса. Во првата половина од годината, ѕвездите ветуваат и можност за склучување долготрајни и успешни договори. Но, сеуште ќе чувствувате слабост и намалена енергија. Вашиот ментален склоп, сепак, ќе ве извлече на површина, таму најдобро се снаоѓате. Водолиите, сеуште ќе имаат полни раце работа. Нивните ментални активности продолжуваат и оваа година; парите ќе бидат нивниот двигател, па затоа нека го искористат периодот околу јуни за постигање на конечниот успех.

Ракот чувствува голема одговорност (па, како и секогаш!) во однос на семејството, најблиските и љубените. Оваа година ќе помине низ многу премрежија и искушенија, но од нив ќе излезе поцврст и посилен. Можни се чести кратки патувања поврзани со работата. Јарецот, заедно со Рибите, ќе се фокусира на партнерските врски, а можно е и нивно озаконување. Но, внимателно со партнерите, користете го здравиот разум и логика. Многу Јарци ќе се решат да заминат во странство и таму да ја продолжат кариерата.

Близнаците вниманието ќе го насочат кон домот и семејството. Таму се случуваат крупни промени, па првата половина од 2004 ќе ја поминуваат со најблиските. За нивна среќа, во вториот дел од годината повторно ќе уживаат во необврзаното дружење со пријателите. Финансиската ситуација, иако не ви предизвикува емотивни растројства, сепак ќе биде критична и не се препорачуваат поголеми деловни зделки. Стрелците имаат можност конечно да ги реализираат дамнешните сништа за патување во странство.  Но, се чини овојпат тоа ќе биде тесно поврзано со работата и семејството. Ќе недостасува финансиската помош од партнерот, но со упорна работа и нескриен оптимизам ќе успеаат да се оддржат во живот.

Бикот е насочен кон љубовните доживувања, посебно во првата половина од годината. Можно е проширување на семејството или пронаоѓање на нов креативен предизвик (за Биковите уметници). Истовремено, тие ќе мора да се потрудат во односот со најблиските и повторно да се насочат кон мирна и љубезна соработка. Шкорпијата ќе биде, можеби како никогаш досега, активна на полето на организации, здруженија и политички асоцијации. Нејзините цели добиваат форма и може да се очекува со својата интуиција да ги реализираат приоритетите во животот. Сепак, можни се проблеми во односот со странците или може да се решат на преиспитување на сопствените потреби и копнежи.

Овенот, целата своја енергија ќе ја предаде на извршување на работните обврски, а вистинскиот миг за релаксација следи по октомври. Овните може да очекуваат голема поддршка и од партнерот. На Терезијата пак, и се случуваат важни промени во семејството и кариерата, но тоа ќе биде посебно забележливо во втората половина од 2004. Околу 7 ноември можни се несогласувања во однос на претпоставените (ова посебно важи за родените во првата декада).

Ако збориме општо за сите хороскопски знаци, веднаш да кажеме дека Девиците ќе бидат во предност пред другите кога станува збор за исполнување на желбите, реализација на целите и деловниот успех. Посебно добар период за тоа е септември, кога ќе ги почувствуваат и финансиските придобивки. Рибите пак, може да се соочат со подеднаков успех и признание од страна на јавноста. Многу Риби ќе се решат да влезат во брак, посебно околу јуни. Нема да погрешат во тоа, ѕвездите ветуваат добра иднина за сите бракови кои тие ќе ги склучат оваа година. Време е за преземање на одговорност и стабилизирање на духовната состојба.

Кога станува збор за Македонија и влијанието на Сатурн, се укажува потреба и на понатамошно “стегање на коланот”. Тоа се случува поради тоа што, како и во поголемиот дел од 2003, така и во 2004 година (до август) ќе се чувствуваат негативни финансиски последици поради присуството на Сатурн во полето на националниот трезор и монетарни операции. Посебно негативни настани (штрајкови, немири) се очекуваат околу 12 мај, кога ќе бидат загрозени и водечките авторитетни лица во Македонија, како и 17 јуни, кога се очекуваат немирни случувања и во македонскиот парламент.

Од друга страна, Сатурн, веќе некое време се наоѓа во Рак, предизвикувајќи проблеми за државите кои се наоѓаат под влијанието на овој кардинален знак: САД, градовите Њујорк и Истанбул, итн. За очекување се и понатамошни проблеми со терористички напади врз најсилната политичка и воена сила во светот. Посебно околу 6 и 15 јуни, можни се и други страшни напади врз авторитетни лица и институции на САД, како и нејзините сојузници.

Според астролошките показатели, посебно важен период за раководните лица во нашата држава, претседателот, премиерот и министрите, ќе претставува периодот околу 19 февруари. Тогаш се можни зачестени контакти со лица од странство, разни емисари и пријателско настроени земји. Веројатно и очекуваната финансиска помош, како таа од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, ќе започне да доаѓа во наведениот период. Се до 25 септември може да се очекува поволен период за државата, како и зголемување на наталитетот на населението.

Со тоа, Македонија потпаѓа под влијанието на Девицата, во чиј период се случи овој најзначаен настан. Но, не треба да се заборави дека се чувствува и влијанието на стариот владетел, Сатурн. Затоа, ќе се задржиме и на влијанието на владетелот на Јарецот, кој владее со 2004 година.

 

Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.

 

Астролог-уредниk: Глигор Михаиловски