Риби и Овен
 

Рибите се последната инкарнација на зодијачките знаци, личности кои во себе интуитивно ги асимилирале особеностите на другите 11 знаци. Во средбата со Овенот, се случуваат и можни се само два ефекта, кои се длабоки и трајни. Огинот може да ја принуди водата да преврие и да “испари”, додека водата може да го изгасне огинот. Забавна е оваа игра меѓу Овенот и Рибите, посебно во љубовните сплетки. Но, мора да се потенцираат и огромните разлики кои повеќе ги одвојуваат отколку спојуваат.

Овенот сака се да биде јасно и чисто, еготистички ги следи целите и не се грижи многу за чувствата на другите, освен ако тој самиот не е засегнат. Рибите се суштествена спротивност; ќе направат се да не ги повредат другите, ако треба ќе го потопат своето Его во длабочините на подсвеста. Овенот ќе се почувствува исфрустриран што нема да може лесно да ја осознае вистинската намера на Рибите кои вистината ја вметнуваат во играта на сенки и сништа. Нивната цел е луѓето да не чувствуваат болка туку блаженост. Ако Овенот тоа го разбере, ќе уживаат учејќи еден од друг. Рибите ќе се научат на храброст и отвореност, додека Овните ќе се учат да посветуваат внимание на желбите на својот партнер.

Оценка:
 
Риби и Бик
 

Мирна водено-земјена комбинација исполнета со сензации и уживање во овоземските задоволства, без разлика дали станува збор за храна, пиење, дружење или (ако станува збор за личности од спротивниот пол) секс. Бикот, како стабилен и реален тип, може да ја подучи Рибата на она што најмногу и фали: приземјениот пристап кон случувањата во животот и умеење со финансиите.

Рибите ќе му понудат една нова, креативна димензија на Бикот, релаксација и многу хумор. Во една љубовна врска на преден план се прашањата за домот и сигурноста. Имено, и двата знака ја ценат вредноста на домот, иако ќе има спротивставени мислења за тоа како тој треба да изгледа. Бикот ќе инсистира на правилни фигури на мебелот, додека Рибите се застапници на живата природа, лежерна атмосфера, со задолжително пригушено светло.

Музиката ги зближува нивните ставови. И двајцата се прекрасни родители кои одлично балансираат во распределбата на должностите и грижата кон децата.

Сепак, на Бикот ќе му биде потребна поголема имагинација за да ја разбере необичната и често каприциозна природа на Рибите; додека Рибите треба да се научат на умереност и преданост.

Оценка:
 
Риби и Близнаци
 

Близнаците се воздушен знак, додека Рибите се знаци на елементот вода. Заеднички им е квалитетот: променлив. Станува збор, всушност, за четири личности (тоа се единствени знаци, заедно со Стрелецот, прикажани двоинствено во хороскопскиот круг).

Во нивно отсуство, ги обвинуваат за лежерност и хипокризија; но, тоа што луѓето не го споменуваат е дека истовремено им завидуваат на умствените способности и брзото разбирање на работите (Близнаци), како и можноста да се аклиматизираат во секоја ситуација и да се извлечат без последици (Риби).

Но, кога ќе дојде до нивен меѓусебен контакт, тогаш самите знаци не покажуваат заемно разбирање. На Близнаците бргу ќе им здосади аморфната и таинствена поставеност на Рибите, додека Рибите не гледаат ништо вредно во непостојаните и површни Близнаци.

Во една љубовна врска, ќе мора да направат многу прилагодувања. Во тоа сигурно ќе биде прва Рибата која, ако успее емотивно да ги скроти Близнаците, може да очекува успешна врска. Близнаците од Рибите тешко учат иако се познати по снаодливиот и експресен начин на резонирање. Проблемот лежи во тоа што емотивните дистанцираните Близнаци и не гледаат што може да научат од емотивно интензивните Риби. Но, се е можно, па и љубов меѓу овие два знака, само под услов да тргнат искрено и со почит.
Оценка:
 
Риби и Рак
 

Водените знаци во зодијакот си ги надополнуваат особеностите и можеме да кажеме дека емоциите се фокусот низ кој ќе се одвива филмската романтична лента меѓу Ракот и Рибите.

Како и со Бикот, Рибите кај Ракот гледаат вреден и чувствителен партнер, иако за нијанса помалку стабилен. Ракот е во можност  да прикаже шаренолика плејада од сензации а Рибите тоа молкум го разбираат. Уживаат во задоволствата, но еден од нив ќе мора да се однесува постабилно и со смисла за деловни способности (најчесто тоа е Ракот кој паметно ги средува финансиските обврски). Мора да внимаваат да не се оддадат на конзумација на алкохол или опојни средства, ниту пак да потпаднат под сектаријански движења. Треба да се насочуваат кон реалноста по секоја цел; со помош на својата интуиција и грижата кон најблиските ќе ги освојат срцата на сите луѓе.

Почитувањето на традицијата и востановените навики им носат големо задоволство и ќе се потрудат тоа никогаш да не го загубат (затоа што тоа со никој друг не може да го имаат).
Оценка:
 
Риби и Лав
 

Лавот е огнен знак, кој се одликува со гордост, храброст и достоинственост. Не им недостасуваат амбиции а секогаш покрај нив има место за личност која ќе ги почитува и обожува. Рибите се многу чести сопатници на Лавовите од едноставна причина што за Рибите не претставува проблем да се потчинат на посилното Его, но под услов да не бидат менувани или навредувани. Лавот ја цени суштественоста на уникатните Риби, иако нема многу добро објаснување за нивните реакции и однесувања.

Клучот на ефикасна, партнерска (и љубовна) врска лежи во постојаното докажување на преданоста на Лавот кон (минималните) потреби на Рибите, како што е укажување на топлина и внимание. За возврат, Лавот ќе биде фален и ќе се почувствува многу пријатно во дружбата на Рибата. Во сите други области од животот, па и сексуалните задоволства, Рибите ќе бидат и повеќе од среќни ако можат да ги исполнат желбите на Лавот. Во тоа лежи нивната сатисфакција, можат да посветат некому цел живот. Лавот се што треба да прави е да ги цени и заштитува.
Оценка:
 
Риби и Девица
 

Тие се меѓу најтивките и најмирните хороскопски знаци, посебно во детството. Начинот на кој тие се однесуваат, пак,  е сосема различен. Девицата се истакнува со прецизно работење, додека Рибата ќе се изгуби во детали. Девицата е практична и реална, но Рибите се тие кои ќе ја видат целата слика и суштината на работите. И двата знака ретко ги иницираат работите и чекаат да им се случат нештата. Но, кога станува збор за домот тука ги соединуваат силите и ќе сторат се за еден пријатен и удобен дом.

Како љубовен пар, Девицата и Рибите, се уште поспротивставени еден на друг. Девицата добро знае како треба да изгледа нејзиниот партнер додека Рибите, загубени во својот приватен свет, секогаш се прилагодуваат на партнерот и ги менуваат своите желби. Но, не за долго. Рибите имаат потреба од внимателноста и грижливоста на Девицата, таа може да укаже на реалните и ситните детали во животот кои се од витално значење. Рибите пак ќе и ги отворат очите на Девицата, ќе и покажат можност за еден нов свет, свет кој е многу олеснет од секојдневните проблеми и ќе и покаже на типичната Девица како е кога партнерот се гледа и преку длабоко емотивна призма.
Оценка:
 
Риби и Терезија
 

Рибите спаѓаат во водените знаци. При средба со Терезијата, веднаш се забележува нивната заинтересираност за забави, но подеднакво се расположени и за разговор.

Би требало да остварат хармонични и мирни односи, а помалку би влегувале во конфликти. Тие уживаат во сите благодети на земјата: пиење, јадење, музика, сликарство. Исто така, посебно убаво си поминуваат во широкиот круг на пријатели.

Во една љубовна врска, сепак се појавуваат многу проблеми кои резултираат од различните карактери на овие два знака.

Терезијата и Рибите не се многу стабилни и немаат цврсти уверувања и принципи, лесно ги измачуваат туѓите погледи и сопствените желби.

Стабилноста на врската ќе морат да ја платат со контрола на своите неуредни емоции; но тоа тешко се решаваат да го направат.

Сепак, заедно би се радувале на топлината на домот. Не е проблем за Рибите повеќе да се жртвуваат и да ги засукаат ракавите во домаќинството. Се разбира, многу убавини ќе најдат и во нежноста на постелата што ќе ја делат.
Оценка:
 
Риби и Скорпија
 

Обоена во постојани емотивни разговори и молчења, оваа водена комбинација преминува во чиста езотерија. Секој збор има свој симбол, секој знак е семантичка целина сама за себе...

Тешки за разбирање, за другите околу себе, помеѓу Рибите и Скорпијата може да се развие цврста и непрекинлива врска.

Во љубов, тие се страстни и полни со фантазија и ги достигнуваат световите за кои малку луѓе знаат дека постојат.

Затворени во спалната соба, повторно и повторно се откриваат себе си и тоа свое знаење може да го искористат за личен развој и среќа.

Сепак, како и кај останатите астролошки двојки и тука постојат недостатоци (нема идеални врски ако некој од партнерите, всушност и двата, не направат отстапки од нивните типични однесувања).

Рибата можеби е премногу пасивна и млака за една типична силна Скорпија, а Скорпијата можеби ќе изгледа премногу тврда и ригидна за една весела Риба.

Но, никогаш не се знае!

Оценка:
 
Риби и Стрелец
 

Како и со останатите водени знаци, така и помеѓу Стрелецот и Рибите постојат тешкотии во личните односи.

Сепак, можеби е добро да викажеме дека Јупитер, актуелниот владетел на Стрелците, е совладетел (или поранешен владетел) на Рибите! Тоа значи дека често, во било каков тип на врски, ќе почувствуваат извесно разбирање и желба за комуникација.

Рибите се друштвени и имаат голема фантазија и креативност; според тоа, Стрелецот би требало да биде привлечен од интуицијата и недофатливоста на Рибите. Тоа што Стрелецот сепак не може да го прифати е тоа што кај Рибите, емоциите се во прв план. Без разлика на кое филозофско гледиште стојат Рибите, сепак нивната непрактичност и желба за приспособување на вистината според нивните потреби ќе наиде на негодување од страна на чесниот и морален Стрелец.

Во самата астролошка карта, Стрелецот и Рибите се оддалечени на 90% степени што е најлоша опција за еден хармоничен однос. И покрај приспособливоста на Рибите, којасе должи на нивната аморфна природа, Стрелците, освен телесна сатисфакција, тешко дека ќе најдат задоволување на своите желби за слобода и либералност во ликот на Рибите.
Оценка:
 
Риби и Јарец
 

Пријатна комбинација меѓу алтруистички настроените Риби и воздржаниот Јарец. Во една љубовна врска им се случуваат интересни работи од кои двата знака учат многу.

Јарецот во пријатното присуство на Рибите добива чувство на опуштеност и животот добива една поширока, хуманистичка димензија, повеќе од едноставното извршување на обврските. Рибите конечно можат, во својот чуден свет од бои, звуци, фантазии и дезорганизираност да стават малку ред и дисциплина.

И двата се корисници на овој љубовен контакт. Без да ги губат своите особини, почитувајќи го меѓусебниот  интегритет, Рибите и Јарецот воспоставуваат долга и стабилна врска. Но, како што видовме погоре, на некои критични точки настануваат проблеми.

Иако навидум станува збор за една ситуација, за која сите би се сложиле дека има едно решение, Рибите и Јарецот гледаат на неа со сосема поинакви очи. Рибите немаат постојани принципи, ги менуваат во согласност со расположението и не ги откриваат работите за кои сметаат дека може да бидат навредливи за Јарецот. Тој пак, се наоѓа во исчудување зошто Рибите не ги слушаат неговите совети кога тој најдобро ја знае фактичката состојба. Со малку жртва од двете страни, тие може да изградат силни столбови на својата врска, која треба да се базира на отвореност, постојаност и љубов.
Оценка:
 
Риби и Водолија
 

Рибите се емотивен знак, раководени се од чувствата и луѓето ги набљудуваат преку нивната способност да искажат симпатии и грижи. Водолиите, како воздушен знак, работите кои им се од значење во животот (тука нормално спаѓа и партнерот), ги гледаат преку интелектуалната призма.

Во една ваква констелација на односи, тешко е да се замисли односот помеѓу овие два знака; Рибите исто така важат за продуховени личности, но Водолиите ретко ќе дозволат да бидат вовлечени во чиста емотивна и страстна врска, базирана на силни чувства. Но, ако тоа се случи, Водолиите лесно може да почувствуваат дека желбата им поминува и интересот да го побараат на друго место. Рибите, во таков случај, ќе бидат длабоко повредени, затоа што, впрочем како и останатите водени знаци, многу работи си земаат при срце.

Еден позитивен момент може да биде нивното дружење и делење на идеи во насока на подобрување на нивната околина, како и хармонизирање на меѓучовечките односи. Сето ова звучи многу деперсонализирано, но овие два знака, преку своите работни активности, може да развијат зрела, и за своето време, напредна врска. Во неа, наизменично ќе се менуваат со својата фанатичност, креативност, идеализам...Со доза на отстапки, можно е трајно соединување на овие два екстравагантни знака.
Оценка:
 
Риби и Риби
 

Рибите го живеат својот живот често неприметени од другите, можеби за некого и досадни. Но, субјективноста на овој воден и променлив знак им говори дека нивната егзистенција е исполнета со возвишени желби, сништа, потреби и болка. И на сето тоа тие му придаваат голема важност.

За да биде некој со нив мора да има трпение, љубов и големо разбирање за чувствениот дискурс и промените на расположението. Две Риби, во близок интимен контакт, ја чувствуваат интуитивно сличноста што ги поврзува. Својата ранливост ќе ја прекриваат со многу зборови, маски и фарси, се до моментот кога ќе посакаат да бидат искрени помеѓу себе. Тоа може да се случи спонтано, иако на почетокот, сензибилните Риби погрешно се оценуваат заемно!

Во љубовта се страстни, нежни, романтични, поети... Но, и банални, летаргични, недоволно единствени и издржливи... Заедно може да се изгубат во постојаното фантазирање и мечтаење, и така полека да го губат чекорот со реалноста и потребата од јасно согледување на своите и туѓите мани и доблести.

Како и да е, ова е можеби и најуникатната двојка, за другите често неразбирлива, но за самите вљубени Риби, сон кој може вечно да трае, под услов едниот од нив (а може и двата претставника на Рибите) да биде постабилен и поупорен.
Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster. Thank You for reading this pages.
Оценка: