а

Можеби Ве интересира Месечниот Хороскоп?

Неделен Хороскоп

Пишува: Зоран Крстевски, главен уредник на списаниеото за астрологија: Астролог +

Бик   Близнаци  Рак  Лав  Девица  Терезија  Скорпија  Стрелец  Јарец  Водолија  Риби

 
ОВЕН - ПОЗИТИВЕН ИМПУЛС
Добро е ако ги искористите позитивните влијанија на Меркур и Марс и се отворите за авантурите и предизвиците на животот. Имено, доволно ги потиснувавте сопствените потреби и егзистиравте на изолиран начин, така што ќе мора да ги иницирате вредностите и да согледате на кој начин да ја постигнете психофизичката рамнотежа. Најважно е што некои работи ќе се помрднат од мртвата точка и што ќе дојдат до израз високите естетски и интелектуални вредности. Во полето на љубовта ќе ја постигнете хармонијата, ако престанете да се оптоварувате со перфекционизмот и желбата за совршенство. Реалноста и прилагодувањето ќе ви бидат нужно потребни, ако сакате мир и задоволство на емотивен план.
 
БИК - СПРАВУВАЊЕ СО ИСКУШЕНИЈАТА    
Состојбата на емотивен план не ви е најсовршена, така што меланхолијата и кризата во комуникацијата со блиските постојано ве следи. Во текот на неделава очекувајте мало напредување и можноста за согледување на факторите кои ви го предизвикаа тоа непродуктивно расположение. Но, како и да е, имајте на ум дека привлекувате лица кои ја шират негативнта енергија и кои максимално ве исцрпуваат на психофизички план. Затоа од полза ќе ви биде аналитичноста како и интуитивното препознавање на туѓото однесување. Во секој случај, поседувате и сила и квалитети кои ќе ви помогнат да се справите со сите искушенија и предизвици во животот. Потребно е само да ги препознаете сопствените и туѓите квалитети.
 
БЛИЗНАЦИ - ПРОБЛЕМИ ВО ЈАВНОСТА
Бидејќи планетата Марс навлезе во вашето соѕвездие, лицата кои ве опкружуваат како да не можат да ви ги согледаат потребите, поради што шират невистини и мошне погрешно ве оценуваат. Не треба да се окупирате со надворешното мислење, туку треба да се сконцентрирате на сопствените потреби и да се обидете со конструктивен пристап да ја воспоставите перспективата и психофизичката рамнотежа. Но, имајте на ум оти ќе наидете на голем број предизвици и оптоварувања, така што наоружете се со трпеливост и стабилност, бидејќи ќе ви бидат нужно потребни. Доколку очекувате одговор од влијателно лице за проблемите што ве мачат, ќе мора да почекате некој похармоничен период за реализирање на желбата.
 
РАК - СТРАСНИ ВИБРАЦИИ
Сонцето се наоѓа во соѕвездието на Риби, поради што перспективите во љубовната сфера максимално ќе ви се подобрат. Од  друга страна, ја имате поддршката и на Венера, така што размислувајте за озаконување на емотивната врска или за проширување на семејството, ако и другите показатели укажуваат на такво нешто. Раковите кои не се наоѓаат пред таква перспектива нека го следат говорот на телото и слободно нека ги манифестираат страсните вибрации. Големиот број проблеми што ве измачуваат, а се однесуваат на семејството, ќе можете да ги стабилизирате и да отворите нова многу похармонична комуникација со блиските.
 
ЛАВ - ЌЕ ЈА ДОБИЕТЕ ПОДДРШКАТА
Време е да покажете што умеете и да започнете конструктивно да ја трошите креативната енергија. Имено, кога најмалку се надевате ќе ја добиете поддршката и ќе можете да ги реализирате интелектуалните желби, поради што ништо нема да ве спречи при напредувањето. Затоа искористете го поволното влијание на Меркур и иницирајте контакти, односно прифатете ги ризичните активности. На љубовен план ќе се најдете пред голем предизвик, а некои од Лавовите и пред тајна врска. Ви се препорачува да го следите говорот на срцето и да не им робувате на предрасудите, зашто егзалтацијата на љубните задоволства може да биде максимално висока. Доколку преземете патување хармонично ќе си поминете.
 
ДЕВИЦА - СТАБИЛИЗАЦИЈА
 
Односите на семеен план ви се стабилизираа на посакуваниот начин, така што многу послободно ќе можете да им се препуштите на интелектуалните, односно професионални обврски. Најважно е што им кажавте стоп на лицата кои постојано ве користеа и не ви дозволуваа на индивидуален начин да ги презентирате сопствените способности. Затоа, продолжете по исто темпо да итате кон хармонијата на животот и заборавете на туѓите сугестии. Сепак, ви се препорачува да внимавате на психофизички план, зашто може да дојде до преголем замор и неможност за навремено завршување на започнатите обврски. Добро е доколку се заинтересирате за надградба на знаењето и остварите купопродажен договор.
 
ТЕРЕЗИЈА - ПОЗИТИВНО ЗА НЕДВИЖНОСТИ
 
Положбата на Марс во знакот на Близнаци ќе ви донесе можност за преземање кратко патување и остварување купопродажни договори поврзани со недвижности. Добро е ако се насочите кон јавноста и се обидете да ги надминете психофизичките слабости што ве следеа во минатата недела. Иако успехот нема лесно и без труд да пристигне, сепак очекувајте подобрување и отворање нова фаза во емотивниот, но и професионален живот. Бидете подготвени за соочување со обврските во семејството и размислувајте за следење на културните манифестации. Имено, само доколку излегувате и пронајдете време за реализирање на сопствените потреби, ќе можете да ја надминете депресијата.
 
СКОРПИЈА - ВНИМАВАЈТЕ НА ФИНАНСИИТЕ
 
Сонцето хармонично го транзитира вашиот зодијачки знак, така што виталноста, силата и решителноста нема да ве заобиколат. Како и да е, не треба да се окупирате со негативната енергија, туку искористете ги моментите што ќе ви понудат напредување, а внимавајте во периодите кога ќе царуваат недоразбирањата и кризите. Во секој случај, планетите ветуваат реално согледување на факторите што ви создаваат конфузност, како и мигови на искушение за кои ќе ви биде потребна голема храброст и аналитичност. Ви се препорачува да внимавате на финансиски план и да не верувате во сугесиите на лицата кои ве опкружуваат.
 
СТРЕЛЕЦ - ИНИЦИЈАТИВНОСТ
 
Бидејќи Меркур се наоѓа во знакот на Овен, очекувајте спонтаноста, либералноста и прогресивноста максимално да бидат присутни. Тоа значи дека ќе се карактеризирате со иницијативност што ќе ви овозможи воспоставување нови релации на професионален, но и на емотивен план. Затоа препуштете им се љубовните вибрации, манифестирајте го шармот и не чекајте убавите моменти да ви поминат незабележано. Како и да е, упорноста и подготвеноста за излегување од здодевноста ќе ви овозможат многу подобра перспектива и можност за анализирање на вишокот енергија. Оваа недела е поволна и за решавање на семејните проблеми.
 
ЈАРЕЦ - ТРАНСФОРМАЦИЈА
 
Време е да им застанете на пат на ограничувањата и да се ослободите од психофизичката напнатост што подолго време ви ја окупираше личноста. Имено, бидејќи планетата Венера се наоѓа во соѕвездието на Бик ќе имате многу поубава можност да ги почуствувате љубовните радости и да ја стабилизирате состојбата во односот со лицата кои ве опкружуваат. Но, доколку и понатаму ги потиснувате сопствените потреби и копнеете преку сугестиите на другите да ја воспоставите хармонијата, тогаш не очекувајте никаков напредок. Затоа преземете ги работите во свои раце и согледајте ги начините и перспективите што ќе ви овозможат стабилност и трансформација во животот.
 
ВОДОЛИЈА - ПОКАЖЕТЕ ШТО УМЕЕТЕ
Многу работи што ве измачуваа и ве дистанцираа од убавините на животот ќе можете на најдобар можен начин да ги стабилизираат во текот на неделава. Затоа, пречекајте ги подготвено хармоничните влијанија на планетите и покажете што умеете. Најважно е да заборавите на лошите искуства од минатото и да се мотивирате кон перспективите бидејќи поседувате квалитети, кои за жал недоволно ги експониравте. Но, се има свој почеток но и свој крај, така што дојдени се вашите пет минути, кои ќе ви донесат целосна регенерација и трансформација во животот. Поддршката од блиските, како и физичката привлечност нема да ве заобиколат, поради што со леснотија ќе ги освојувате лицата кои ве опкружуваат.
 
РИБИ - БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ВО РАБОТАТА
Внимавајте при соочувањето со перспективите на интелектуален, односно професионален план, бидејќи поставеноста на планетата Марс во знакот на Близнаци ќе ви создаде нервоза и застој на плановите. Затоа, согледајте ги околностите пред да дејствувате, зашто и најмалата грешка може скапо да ве чини. Но, тоа не значи дека треба да се разочарувате и да бегате од предизвиците, туку треба само да бидете поаналитични и селективни во комуникацијата. Слободното време искористете го за прошетка на мирни места, односно читајте лесна литература или слушајте тивка музика. Имено, добро е ако го релаксирате умот и престанете да размислувате за работите кои поминале или кои не можете да ги промените.
Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.
 

 

 

 

 

 

 

 

 

б

Можеби Ве интересира Неделниот Хороскоп?

Месечен Хороскоп

Месечен хороскоп за периодот од 20 Март 2004 до 21 Април 2004

Бик  Близнаци  Рак  Лав  Девица  Терезија  Cкорпија  Стрелец  Јарец  Водолија  Риби

Со првите зраци на пролетното Сонце, почнува да се буди космичката енергија во северниот дел на Земјината полутопка, регенерирајќи го целиот жив свет и започнувајќи со новиот-стар, вечен циклус на раѓање и метаморфоза. За чудо, планетарните констелации како да го преспивааат почетокот на првото годишно време и не покажуваат значајни доживувања. Сепак, прочитајте ги предвидувањата за Вашиот хороскопски знак за следниот период!

Овен (знак или подзнак)

Работа: Првиот огнен знак во зодијакот, втемелувачот на новиот дух и промени, најмногу ќе ги почувствува убавините на првите предзнаци на пролетта, будејќи го оптимизмот кај пријателите и огласувајќи ја својата верба во подобрата иднина. Ќе почувствувате полет и ентузијазам при решавањето на професионалните задачи. Но, по подолго време, со ретроградното движење на Меркур, ќе мора да внимавате на своите постапки (6-13 април); можни се непромислени активности кои само ќе ве забават кон вашиот пат кон успехот.

Пари: Венера, планетата на благосостојбата и истовремено владетел на вашето финансиско поле до 4 април ќе престојува токму во вашето поле на пари. Во преден план ќе дојде можноста да уживате во плодовите на вашата работа но истовремено да се воздржите од поголеми расходи, имајќи предвид дека непромислениот Марс токму на 21 март ќе го напушти ова поле. Овните кои се занимаваат со комуникација и транспорт ќе забележат позабележителен успех.

Здравје: Внимавајте на пролетните алергии, воспаленија и главоболки. Иако ќе почувствувате наплив на нова енергија, истовремено, ви се препорачува да поведете грижа за секојдневните физички активности.

Љубов: Фокусот во овој период ќе бидат токму љубовните премрежија. Првата половина на април ветува необични но возбудливи искуства за слободните претставници на овој знак. Овните кои се во врска да обрнат внимание околу 10 април; можни се непријатни случки со вашиот партнер. Премногу сте насочени кон себе во овој момент; не заборавајте да ја потврдите својата љубов со едноставни, но значајни гестови.

Бик (знак или подзнак)2

Работа: Мирен период ги очекува Биковите кои може само да профитираат од слободното време кое ќе го имаат на располагање. Токму и тоа треба да го направат затоа што периодот не ветува хармонични настани на професионален план. Може да се служи да не воочите сериозни грешки во работата кои може да имаат далекусежни последици. Односот со колегите ќе претрпи конфликти.

Пари: Само за краток временски период, Меркур, владетелот на финансиските ресурси во вашиот природен хороскоп, ќе означи можност за повеќе извори и начини на заработувачка (1-6 април). Веднаш потоа, ќе ви биде потребна сета ваша трпеливост и мудрост за да можете да ја задржите концентрацијата. Марс ќе ви ја намали толеранцијата; со неколку зборови, потребно ќе ви биде правилно расудување и релаксација.

Здравје: Малку подоцна од другите знаци се решавате да се облекувате според атмосферската сосотојба; внимателноста е една од вашите доблести. Во преден план се областите во пределот на главата и грлото. Следете ги постапките на вашите најблиски и уживајте во нивната нега и грижа.

Љубов: (Не)очекувани работи се на програмата на љубовни настани овој период. Јасно е нагласена потребата од размислување за начинот на кој ја давате својата љубов кон саканато лице. Неочекувано, ќе почувствувате изливи на бес кои тешко ќе можете да ги контролирате.

Близнаци (знак или подзнак)3

Работа: Сонцето позитивно ве аспектира од пријателскиот знак на Овенот. Ќе бидете пооптимисти и работите ќе се одвиваат во ваша корист. Од април, Венера и Марс ви носат важни случувања на личен план кои ќе ве поттикнат на понатамошни активности на професионален план. Сепак, во првата декада од април посветете внимание на односите со колегите и јавноста. Одлични можности за остварување на замислите кои вклучуваат креативност, новини и уметност, можете да очекувате во втората декада од април.

Пари: Во последната недела од месецот март можни се мали финансиски непријатности (26 март). Ќе мора да внимавате да не ја испуштите контролата над ресурсите и начините на нивното трошење. Со ретроградното движење на Меркур можете да заборавате предмети и нешта. Не се препорачува да купувате поголеми предмети за домаќинството.

Здравје: Владетелот на вашето природно поле на здравјето предупредува на неочекувани проблеми со дишните патишта. Сите оние алергични на пролетен полен нека ги преземаат сите мерки на предпазливост. Потребна ви е блага клима со многу Сонце!

Љубов: Сеедно што Венера од 4 април позитивно вибрира во вашето прво поле, можни се конечни одлуки во вашиот љубовен живот кои може да остават трајни резултати (втората половина на април). Време е да се одлучите дали и понатаму ќе ја барате љубовта на свој начин или ќе одлучите да се смирите со една личност!

Рак (знак или подзнак)4

Работа: Првите зраци и симболи на пролетта знаат да ве израдуваат и да донесат амбиции во вашите идни планови. Сонцето во 10 поле тоа го потврдува. Но, често нехармоничните транзити на Сонцето во знакот на Овен знаат да предизвикат и проблеми со семејството и надредените. Во однос на работата, Јупитер, владетел на вашето деловно поле, не ветува лесен успех. Напротив, од вас се бара да не подлегнувате на пријатната клима и да продолжите со активностите!

Пари: Токму вашата променлива природа ќе биде одговорна за неповолните финансиски моменти на крајот од март. Потаму, во месецот април, состојбата на монетарен план значително се подобрува. Поволен период за Раковите уметници. Останатите ќе се обидат заедно со деловните партнери да ги остварат заедничките цели.

Здравје: Освен во последната декада од март кога се можни хронични проблеми со стомакот, сепак во подоцнежниот период планетите од нашиот Сончев систем ветуваат одлична здравствена заштита.

Љубов: Интересни случувања на емотивен план во периодот од 2-14 април. Сите слободни Ракови ќе бидат обземени со поголема комуникативност и отвореност. Вашата појава нема да изостане незабележана од погледите на спротивниот пол.

Лав (знак или подзнак)5

Работа: Сите Лавови кои се заинтересирани за проширување на своите видици преку курсеви за странски јазик или дополнителни студии, како и патување во странство нека го искористат овој период за тоа. Сепак, пред истекот на месецот март сеуште ќе чувствувате конфликти со вашите соработници. Во првата декада од април се појавуваат нови, конкретни замисли за понатамошното делување на професионален план.

Пари: Ретроградниот Јупитер во Девица со своите неповолни аспекти покажува дека својот насобран капитал можете да го трошите на неефикасни цели. Со еден збор, мора да размислите што е поважно во овој момент и таму да ги насочите своите средства. Не ви се препорачува шопинг. Сепак, слободно подновете ја пролетната гардероба, ако на тоа сте приморани.

Здравје: Внимателно со напорите и активностите во овој период; без разлика на тоа што владеењето на Овенот секогаш ве опремува со одлична психофизичка состојба, можни се проблеми со главоболки и грбот, како и со циркулаторниот систем, на крајот од март.

Љубов: За очекување се многу многубројни љубовни врски и афери кои ќе ви го одземаат вниманието. Лавовите кои веќе имаат стабилна врска нека внимаваат на своето расположение и темперамент, посебно од 5-15 април. Се надевам дека ќе ги послушате нашите совети и ќе успеете на мирен начин да ги решите сите проблеми со партнерот.

Девица (знак или подзнак)6

Работа: Ќе мора повторно да се приспособите на новонастанатата ситуација; ако претходниот месец бевте преокупирани со партнерските односи и љубовта, овојпат ќе мора да се грижите за практичните мали нешта и да се вратите во реалноста. Не ви препорачуваме никакви проектни активности околу 22 март. Работата стагнира, но не губете ги нервите и почекајте го поповолниот период на крајот од април. Поволни денови: 20-25 март.

Пари: Се наоѓате во неповолна финансиска состојба. Без разлика на вашата инклинација кон штедливост и разумно менаџирање со средствата, ќе се соочите со неочекувани трошоци поврзани со партнерот (околу 10 април), како и купување на неопходни елементи во домаќинството. Внимавајте да не се задолжите!

Здравје: И на здравствен план ќе ви биде потребно извесно време за аклиматизација. За да не отсуствувате од секојдневните активности ви се препорачуваат чести вежби и витаминска исхрана. Нервите ви се на крајот кога станува збор за односите со колегите и претпоставените.

Љубов: По бурно изминатиот период, во следниве неколку месеци ќе настане примирје. Искористете го тоа да ги насочите активностите кон домот и семејството; секогаш вашите љубени се среќни кога имате време да се грижите за нив.

Терезија (знак или подзнак)7

Работа: Сонцето во Овен ви дава потстрек да ги докажете своите способности на полето на професијата, секако давајќи предност на соработката со колегите. Убава можност за поддршка од страна на пошироката јавност и од авторитетите на почетокот од април. Сепак, со почетокот на втората декада од април ќе изостане концентрацијата за потребните чекори во кариерата. Можни се несогласувања со колегите и претпоставените; искористете го вашиот шарм и трпеливост за да поминете со колку што е можно помалку последици.

Пари: Се до 12 април се очекува поволна финансиска положба иако сеуште ќе имате желба да потрошите средства за итните потреби: нова облека, модерни обувки, шминка... Ако навреме не застанете на необјаснивата потреба да потрошите пари може да се најдете во неповолна ситуација.

Здравје: Ќе имате доволно енергија да се соочите со проблемите, но секогаш треба да посветувате доволно време и на исхраната. Вашата склоност кон слатки јадења може негативно да се одрази на физичкиот изглед. Не е доцна да се запишете на некој курс по фитнес или други спортски активности. Високото ниво на ментална енергија мора да содејствува на вашата способност да одделите време за телесни активности.

Љубов: Планетите на љубовта, во овој период, чинат конфликтни и полни со енергија аспекти. Се соочувате со бројни предлози за љубовни активности; секако и вие предлагате. Се чини најплоден период ќе биде април. Ќе блескате со еротичност; нема да можат да ви одолеат!

Скорпија (знак или подзнак)8

Работа: Фокусот на сите ваши напори ќе биде работата, односите со колегите и здравјето. Со Сонцето во вашето 6 поле на деловни активности повеќе нема да имате време за летаргија и неефикасни чекори туку смело ќе се решите да ги извршите обврските и да ги добиете очекуваните резултати. Посебно добар период за тоа е крајот на март.

Пари: Можеби ќе биде потребно да преземете ризици кои веднаш нема да ви дадат потврда за нивно позитивно резултирање. Сепак, ви препорачуваме да се потпрете на интуицијата затоа што ѕвездите ви се наклонети. Нема да зажалите и финансиските резултати набргу ќе бидат видливи.

Здравје: Големото количество на енергија ќе ви биде потребно за другите полиња од животот кои ќе ви одземат голем дел од вашите резерви на сила. Но, имате голема желба да вложите напор и труд, па знаеме дека нема (а можеби и не треба) да го послушате нашиот совет за разумно и умерено активирање на целокупните психофизички ресурси.

Љубов: Искористете го позитивното дејство на Венера во вашето поле на љубовта до 4 април. Можност за пријатни моменти со саканата личност и дружење со искрените пријатели. Набргу се појавува можност за стабилизирање на љубовните врски.

Стрелец (знак или подзнак)9

Работа: Со транзитот на Сонцето во вашето 5 поле како да започнува еден убав период на забава и дружење. Но, сепак тоа нема да биде толку изразено поради потребата од реализирање  на останатите активности. Венера, Марс, а само за кратко и Меркур, ќе ве вратат во реалноста и потребата од јасно согледување на моменталната состојба на професионален план. Нема да бидете во можност целосно да одговорите на очекувањата; можни се и непријатни измени во кариерата.

Пари: Нема конкретни и важни аспекти во однос на финансиските ресурси но единствениот кој може да го признаеме говори за откажување на очекуваната финансиска помош од партнерите. Не се потпирајте на секого; само со сопствени напор може да постигнете забележливи успеси.

Здравје: Имате потреба да се движите, патувате и освојувате. За да го направите тоа мора да бидете во врвна психофизичка состојба. Планетите и констелациите не ветуваат дека ќе бидете толку добро подготвени. Проблеми со метаболизмот и варење на храната.

Љубов: Венера и Марс веќе успеваат и да стигнат до вашето 7 поле на љубов, конфликти со партнерите. Секогаш наоѓате време да се посветите на размислувањата за емотивната сосотојба. Уште повеќе сакате да освојувате и фасцинирате. Сепак тоа ќе ви биде на дофат во овој период.

Јарец (знак или подзнак)10

Работа: Повторно успевате да ги фатите краевите на сите конци кои решаваат за вашата идна кариера или оддржување на моменталниот професионален статус. Меркур, владетелот на вашето природно поле на деловни способности формира поволни аспекти во март. Сепак, неговото ретроградно движење кое ќе започне на 6 април, може да ве доведе до неочекувани недоразбирања и проблеми на работното место.

Пари: Неповолни се случувањата во одделот за финансиска сигурност. Неповолните аспекти покажуваат потреба од внимателност при потпишување договори и доделување на довербата кај вашите соработници. Можност за успех ако се занимавате со недвижнини (12 април).

Здравје: Не дозволувајте да ве обземат црни мисли поврзани со вашата моментална положба и иднина. Сега не е поволен период да си ја влошувате здравствената ситуација. Мора да се одморите и да ги насочите своите копнежи кон остварлива цел. Важно е да остварите контакти со лица кои ви се од значење и кои ќе можат да ве отргнат од нервозата.

Љубов: Срамежливи сигурно не сте во овој период. Убави моменти доживеавте со саканата личност, а сакате тоа да продолжи и во наредните денови. Ќе бидете отворени и ќе ги ставите картите на маса. Одлична можност за запознавање нови и возбудливи личности.

Водолија (знак или подзнак)11

Работа: Интересни идеи, новини, сакате да воведете на работното место. Можно е инволвирање со вашите најблиски и соседите. Со поставеноста на Сонцето во Овен, на преден план повторно се истакнуваат можностите да преземете кратки патувања. Но, лошо аспектираниот Сатурн од полето на работата укажува на потреба од трпение кога станува збор за преземањето иницијативи за нови проекти.

Пари: Добри можности и расположение за успешно менаџирање со средствата (околу 4 април). Но, веќе по 10 април постои можност да бидете заразени од потребата за шопинг. Разумно управувајте со парите, ќе ви бидат потребни за секојдневните обврски.

Здравје: Сатурн и тука ви носи незгоди и проблеми со дишните патишта. Внимавајте, во овој период, на сообраќајните средства: секогаш користете ги пешачкиот премин и зеленото светло на семафорот!

Љубов: Промени, неочекувани, ве очекуваат на љубовното поле. Но, со ретроградното движење на Меркур во Бик, а потоа и во Овен, се наметнува вашата несигурност: дали сте на чисто во однос на тоа што чувствувате?

Риби (знак или подзнак)12

Работа: Се насочувате кон прераспределба на финансии но и премерување и преоценување на вашите ставови. Ќе бидете потврдоглави од вообичаено и затоа се за очекување конфликти со соработниците. Неповолен период за започнување нови работни обврски. Ќе се почувствувате на удар од критики од јавноста. Бидете внимателни но и трпеливи!

Пари: Владетелот на вашето финансиско поле, Марс, неповолно го аспектира вашето Сонце во Риби со што само се потврдува потребата од штедење и внимателно раководење со парите. Со Марс во Близнаци можете да очекувате набавка на некој апарат или предмет во домаќинството.

Здравје: Можни се хронични проблеми со метаболизмот и варењето на храната. Потребни ви се физички активности и правилна исхрана ако сакате да се чувствувате задоволни. За среќа, пријатното време ве поттикнува на прошетки со пријателите како и спортување.

Љубов: Имате чудна претстава за љубовта; често ги менувате замислите за тоа како треба да изгледа вашиот идеален партнер. За сето време пак ви се редат многу можности но вие тешко се одлучувате за една или пак се одлучувате за сите! Конфликтите со партнерот се неизбежни во овој момент; но тоа не значи дека не можете хармонично да ги разрешите сите недоразбирања.

Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.