Прашање за астрологот

Правила за учество во рубриката “Прашање за астрологот”:

име и презиме (шифра);
датум и место на раѓање;
точно време на раѓање (задолжително !)

Ако тие услови не се исполнети, ќе биде многу тешко да дадеме соодветни (и точни) одговори на вашите прецизно поставени прашања.

Не заборавајте да проверите, за тие кои учествуваа во нашата наградна игра, дали нашите астролози Вам ви изработиле натална карта (двајца добитници секој месец).

 
1. Шифра: Риба; 3.03.1973, Скопје. 12:15

Ве молам да ми кажете кога ќе ги надминам здравствените проблеми (на пр. главоболки и забоболки). Исто така ме интересира кога можам да очекувам разрешување на проблемите, временски, и каков ке биде ефектот по мене позитивен или негативен (судски спор, осамостојување, финансиска независност, итн) со кои што се среќавам во текот на последниве две до три години.
Ви благодарам.

хороскоп

Вие сте навистина чувствителна Риба, со присуство и на сензитивниот Рак како подзнак. Месечината се наоѓа во Водолија, што само ја разбранува вашата невообичаена личност и носи големи нервози и проблеми со нервите.

Најпрвин ќе се задржам на проблемот што го наведувате за главоболки и забоболки. Секогаш кога Сатурн во наталната карта е нападнат од Сонцето, односно обратно, (во вашата карта Сонцето е во квадрат со Сатурн), се појавува проблем, со коски, колена или заби! Но, не се јавува само поради тој аспект.

Проблемот (досаден и болен) кај вас е што во полето на здравјето се наоѓа Нептун, кој исто така може да укажува на некои алергиски реакции и психофизичка нерамнотежа. Но, истиот тој Нептун е во најлош аспект и конфигурација, голем Т квадрат со Сатурн (владее со забите) и Сонцето (владее со општата психофизичка конструкција). Веројатно е дека главоболките доаѓаат од забите, но подзнакот Рак укажува дека тешко се доверувате на докторите/стоматолозите и потребна ви е стручна личност која со благ тон и насочување ќе ви помогне да ја подобрите состојбата. не се исклучени и хируршки зафати, но со позитивни резултати.

Во однос на судскиот спор, финансиското осамостојување кое што го наведувате, не знам од која причина се тие, но тоа што астролошки можам да потврдам е дека вие имате ПРОБЛЕМИ во комуникацијата со другите луѓе, па и со евентуален брачен партнер. Во вашето 7 поле на брак се наоѓа Марс во Јарец, кој доаѓа од 11 поле на познаници, но тој прави лош аспект со вашата личност (читај: насилени и конфликтни односи, чести недоразбирања). Владетелот на полето на партнери и јавност, Сатурн, прави најлош можен аспект со Сонцето, владетел на парите, кој се наоѓа, за несреќа, во полето на законодавството и судството. Моја претпоставка е дека имате проблеми кои подолго време ви го одземаат позитивниот дух (9 поле), пари (2 поле-Сонце) и енергијата (6 поле-Нептун).

Сето ова се актуелизирало, веројатно, со транзитирањето на Сатурн во вашето 12 поле на подсвеста, болници и институции. Оваа година, прогресивното Сонце во вашето поле на промени прави квадрат со Марс во вашето 7 поле, што може да означува конечен прекин и завршеток на врска, навики, процес, итн. но и можни негативни последици. Сепак, ќе имате доволно сила да успеете и да се борите. Се формира голем Т квадрат помеѓу прогресивното Сонце во Овен и асцендентот и Марс во 7 поле. Круцијална година. Тоа го ветува и прогресивната Месечина во истото 10 поле на промени, како и Венера во квадрат со Асцендентот. Истите овие аспекти, Сонцето и Венера во квадрат со подзнакот (кој владее со телото, односно здравјето) укажуваат на здравствени проблеми.

Со влегувањето на Сатурн во вашето 1 поле на личност ќе доживеете и ќе бидете спремни за финансиско и секаков друг вид на осамостојување (јули 204). Со тоа се засилува и одговорноста , но и добивката. Веројатно, од тогаш, па во наредните 2 години ќе треба да решАвате и да ги решите сите проблеми во однос на партнерот/сопругот/јавноста. Ако барате нов дом, прашањето за тоа ќе биде најдобро да започнете да го решавате од октомври 2004.

Бидете силни, но не препуштејте се на изолацијата и самосожалувањето, толку какрактеристични за една Риба, подзнак Рак. Овие не се само празно зборови, туку уверување дека на свој начин и вие можете да бидете победник.

Уште една работа: Веројатно ќе имате финансиска поддршка.

2.  Ирена  07.09.1983 во Прилеп  во 17.50

 Прашање - како си одговарам со знак Јарец на 18 1 1982 во Битола и како би напредувала односно дали сум на вистинскиот пат затоа што се бавам со музичка уметност. Инаку страницата ви е прекрасна и само напред. Со искреност и благодарност

Ирена.

хороскоп

Ирена, ти си интересна Девица со Месечина исто така во Девица но со подзнак во Риби! Конкретно, кога се прашува за каков тип на работа не сме талентирани, се гледа општата слика на картата, но и венера, како заштитник на уметноста. Токму таа се наоѓа во вашето поле на работа.

 Самиот аспект за музика, рековме се форсира од Венера. Таа, иако не е во кардинално поле (што е многу често кај успешните и славни уметници и музичари) сепак прави три прекрасни аспекти. Тригон со Нептун и со врвот на полето на кариерата (Нептун е другата планета асистент на уметниците/музичарите), секстил со Плутон (кој е владетел на полето на филозофија и студии) и секстил со Сатурн, кој исто така укажува на уметнички потенцијал но и нешто друго: работен елан и навики.

 Она што може да биде за изненадување за една Девица е повеќето планети во 7 поле (Сонце, Месечина, Меркур и Плутон). Веројатно, со своето посветување време на детали и прецизност, можно е да имате многу контакти со јавноста како и солидна заработувачка.

 Ти посакувам многу успех и повторно да не контактираш ако има некои случки за кои ние би сакале да дознаеме.

 А, да, заборавив да кажам два-три збора за личноста што ја наведе. Бидејќи не знаеш точно време, само ова: станува збор за тврдоглава личност, со Месечина во Скорпија (не се знае на кој степен, а со тоа и какви аспекти прави со другите планети). Веројатно, шармантен и дружељубив, крие доза и на тајновитост и посесивност. Неговото Сонце се наоѓа во вашето поле на пријатели, па така барем за очекување е успешна пријателска врска. За повеќе ...

  3. Еве неколку одговори за подзнаци на нашите посетители:

Елена Иванова, 20.4.1985; 10:20; Струмица; подзнак ЛАВ

Шифра: Лав; 30.7.1981; 17:20; Скопје; подзнак ЈАРЕЦ

Лидија: 27.5.1959; 10:45; Скопје; подзнак ДЕВИЦА

Гордана Каранфилоска Димоска; 1.10.1978; 12:00; Тетово; подзнак  СТРЕЛЕЦ

Јагода Чупетреска; 19.01.1978; 18:25; Прилеп; подзнак  ЛАВ

Астролог-уредник: Глигор Михаиловски

Copyright: www.HOROSKOP.com.mk©2004. All rights reserved. For info about website, please contact WebMaster.